Нема одложување на дуелот ПСЖ – Барса, ќе се игра во редовниот термин

Натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона во третото коло од Лигата на шампионите (ЛШ) ќе се одигра според планираниот распоред, и покрај немирите и протестите што изминатите денови ја погодија Франција.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунез, потврди дека нема планови за откажување на дуелот, иако претставници на синдикатот на полицијата побараа да се разгледа такво сценарио поради страв од нови немири.

Претходните денови беа забележани хаотични сцени во Франција, каде што голем број луѓе излегоа на улица, а демонстрантите се судрија со полицијата.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона се игра во вторник од 20.45 часот во Париз.