Несреќен пораз на Вардар, Нант со бодовите заминува од Скопје

Ракометарите на Вардар во крајно драматична завршница загубија од Нант со 33-32 во меч од 2 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите.
Во одлична атмосфера во СЦ Јане Сандански гледавме рововска битка на двата тима која практично ја одлучи одбраната на голманот Блонде во последната секунда од мечот. Кај домаќинот се наметна Абделхак со 10 голови додека Малус постигна шест.
Вардар во наредното коло на 8 октомври ќе и биде домаќин на Висла Плоцк која пак, утре ќе го пречека Мерсунген. Французите по триумот во Скопје се лидери на табелата со 4 бодови пред германскиот тим кој има два.