Нилсен се сели од Веспрем во Фленсбург?

Двократниот светски шампион Емил Нилсен наскоро би можело да стане играч на германскиот клуб Фленсбург.
Според данскиот портал Rygtebors, како што пренесува германскиот весник Sport Bild, Фленсбург-Хандевит преговара за трансфер со данскиот голман за претстојната сезона.
Оваа вест претставува изненадување, со оглед на тоа што Нилсен пристигна во Веспрем минатото лето.
Тој потпиша тригодишен договор со унгарскиот гигант, кој важи до 2029 година. Доколку трансферот во Фленсбург се реализира, неговиот престој во Унгарија би завршил по само една сезона.