Одличен настап на нашите претставници на Специјална Олимпијада во Малта

Нашиот национален тим се враќа од Европското првенство во пливање на Специјална Олимпијада Малта со бројни медали.
Матеј Аларов – златен медал на 50 м пливање во слободен стил, бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил. Јулијана Петровска – сребрен медал на 50 м пливање во слободен стил, бронзен медал – 50 м грбно пливање, бронзен медал – 50 м пливање во слободен стил. Стефан Трпковски – бронзен медал на 50 м грбно пливање и бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил. Јана Кацарска – бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил.
Посебно значаен момент е историскиот настап во штафетата 4 × 50 м пливање во слободен стил. За првпат националниот тим настапи во штафетна дисциплина и веднаш се закити со бронзен медал!