Окан Бурук ветува дека Галатасарај ќе ја нападне Барса

Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, потенцира дека неговите избраници нема да излезат со бело знаме на денешниот меч со Барселона во 2 коло во Лигата на шампионите.
„Знаеме дека се соочуваме со тим што е во најдобра форма на планетава. Природно е сите да ги гледаат нашите противници како фаворити но, ние ќе го дадеме максимумот.
Ние сме Галатасарај и играме на домашен терен. Ќе бидеме многу агресивни во дуелите и нема само да се браниме“, рече Бурук.