Официјално: Ливерпул го потврди својот прв летен трансфер

Еден ден после завршетокот на Премиер лигата, фудбалскиот клуб Ливерпул, преку своите социјални мрежи ја објави информацијата дека Фабио Карваљо и официјално е нов фудбалер на „црвените“.

Младинскиот репрезентативец на Португалија, ќе се приклучи на тимот предводен од Јирген Клоп на 1.јули. Карваљо е роден во Лисабон, но стана член на фудбалската академија на Фулам, клуб за кој настапуваше во англискиот Чемпионшип. Тој е прогласен за најдобар млад играч во лигата, и сезонава постигна 10 гола и осум асистенции.