Павлов освои бронза на Премиер лигата во карате во Истанбул

Емил Павлов освои бронзен медал на К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција откако го совлада казакстанецот Каисар Албисбаир со 4-1. Претходно на патот до меч за бронзата, завчера Емил ги победи Аминага Гулијев од Азербејџан со 3-0, Афеф Гаит од Јордан со 3-2 а со победата против Матиас Гарсиа Гомез од Шпанија со резултат од 8-3 се пласираше во полуфиналето, каде што беше поразен од азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев .Од нашите спортисти, пласман на 7 место во категорија- 75 км постигна Доан Османи, а Берат Јакупи вокатегорија – 84 кг оствари три победи и пораз, но немаше репасаж. Во истата категорија Виктор Крстевски имаше две победи, како и Абдурахом Идризи во – 60 кг. Во кати, Пулексенија Јовановска оствари пласман на 13тото место. К1 Премиер лигата во Истанбул се бодува за олимписката листа на WKF и беше прво големо натпреварување по една година пауза во каратето а настапија вкупно 584 каратисти од 72 земји.