Пеп Чаварија претставен на „Стемфорд бриџ“

Досегашниот играч на тимот на Рајо Ваљекано, Пеп Чаварија и официјално денеска е претставен како нов играч на тимот на Челзи.

Левиот бек потпипа договор со траење до 2031 година.

„Многу сум возбуден што ќе почнам. Ова е сон што ми се оствари, бидејќи Челзи е еден од најголемите клубови во светот. Тоа е голема можност, но јас сум подготвен и ќе работам напорно за да му помогнам на тимот да постигне успех. Има многу луѓе кои ми помогнаа да стигнам до оваа точка и морам да му се заблагодарам на моето семејство. Тие секогаш ме поддржуваа и денес е можно само благодарение на нив“, додаде Чаварија.

Тој имаше исклучително успешна епизода во тимот на Рајо, каде што лани одигра 44 мечеви и стигна до финалето на Лигата на Конференциите.