Почетино го мерка Кејн ако ПСЖ го продаде Мбапе

Маурицио Почетино веќе знае кој играч би сакал да го замени Килијан Мбапе во случај Французинот да го напушти ПСЖ. Името воопшто не изненадува, бидејќи според „Мирор“ станува збор за голгетерот на поранешниот тим на Аргентинецот – Хари Кејн.
Само пред неколку дена се појави информација дека Тотенхем поставиле цена од 150 милиони фунти (173 милиони евра) за нивната голема везда. Сепак, парите нема да бидат проблем за парижаните, особено ако Мбапе биде продаден на Реал Мадрид, како што се пишува сè почесто во последно време. Според „Ле Паризиен“, од ПСЖ ќе побараат 200 милиони евра за Французинот во случај да одбие да потпише нов договор и да одлучи да ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
„Мирор“ додава дека за Хари Кејн ова би била една о најпосакуваните дестинации доколку англискиот репрезентативец на крајот реши да го напушти својот омилен клуб. ПСЖ ќе му даде многу шанси за трофеите што Кејн толку многу ги пропушти во досегашната кариера. Факторот „Покетино“ му дава уште поголема тежина на ова сценарио.