ПСЖ дава најмногу кандидати за „Златната топка“

Европскиот фудбалски шампион ПСЖ во своите редови има една третина од вкупниот број номинирани играчи за „Златната топка“.

Покрај деветте играчи кои обезбедија втора европска титула по ред, во францускиот клуб стигна и Феран Торес, кој исто така си заработи номинација, но на раководството на ПСЖ му е јасно дека мора да се концентрира на само неколку имиња доколку сака да ги зголеми шансите во клубот да пристигне уште една „Златна топка“.
„Ле Паризиен“ објави дека иако во најтесна конкуренција била тројца играчи, односно Фабијан Руиз, Квича Кварацхелија и Усман Дембеле, на крајот отпаднал шпанскиот репрезентативец.

Иако тој стана светски шампион со Шпанија, во клубот се свесни дека не го добива потребниот публицитет во медиумите, додека Кварацхелија и Дембеле имаа поголем ефект во клучните натпревари за освојување на трофеите.