Пјетро Пелегри од Монако се сели во Милан

Милан ќе биде многу активен во последните денови од трансфер пазарот и се очекува во текот на неделата да комплетира два трансфери.

Преговорите со Челзи за трансфер на Бакајоко се во завршна фаза, а на „Сан Сиро“ треба да пристигне и италијанскиот напаѓач од Монако, Пјетро Пелегри.

Пелегри беше посочуван како најголема надеж на италијанскиот фудбал и стана најмлад стрелец во историјата на Серија А, а потоа направи трансфер во Монако за 25 милиони евра.

Меѓутоа, во „кнежевството“ не се снајде најдобро, па сега Милан ќе го врати во Италија 20-годишниот напаѓач.

Постигнат е договор за едногодишна позајмица од еден милион евра, а „росонерите“ следното лето ќе можат да го откупат за шесњт милиони евра.