Работнички го освои одбојкарскиот Суперкуп во Тетово

Одбојкарките на Работнички Скопје се нови освојувачки на Суперкупот на Македонија- „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ , откако во финалето со убедливи 3-0 го совладаа тимот на Вардар ЕМ.
Актуелниот шампион доминираше во првиот сет и го доби со 25-16, додека во продолжението Вардар пружи далеку поголем отпор. Вториот сет донесе голема борба и неизвесност, но Работнички успеа да слави со 25-23.
Најголема драма имаше во третиот сет, во кој двата тима долго беа резултатски блиску. Сепак, Работнички во завршницата беше посигурен и со 25-21 го затвори натпреварот.
Признанието за најкорисна одбојкарка (МВП) заврши во рацете на Тамара Атанасова, која беше меѓу најзаслужните за триумфот на Работнички.