РБ Лајпциг официјално има нов тренер

Членот на германската Бундеслига РБ Лајпциг, преку официјално соопштение информира дека за нов тренер на екипата е назначен Доменико Тедеско.

36-годишниот Тедеско е поранешен тренер на Шалке 04 и московски Спартак. Тој ќе ја води екипата на Лајпциг до јуни 2023 година, потврдуваат од клубот.

Доменико Тедеско доаѓа на местото на Американецот Џеси Марш, кој доби отказ по серијата од слаби резултати. Лајпциг е 11-ти на табелата во првенството на Германија со 18 бодови, 16 помалку од лидерот Баерн Минхен. Во Лигата на шампиони го освоија 3. место во групната фаза со што продолжуваат со настапи во Лига Европа.