Реми на Мојсов на дебито на клупата на Земун

Македонскиот фудбалски тренер, Ѓорѓи Мојсов, го имаше своето деби на клупата на Земун кој пред денешниот меч беше во серија од седум порази по ред.

Денеска Земун одигра подобро од претходните дуели, имаше и водство од 1-0 по првото полувреме, но во вториот дел примија гол и мечот заврши 1-1.

Мисијата за опстанок ќе биде тешка, по девет одиграни кола во најдобрата српска лига, Земун е последен со само два освоени бода.