Роберто Манчини ги демантира шпекулациите кои го поврзуваат со клупата на Манчестер Јунајтед

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентациј, Роберто Манчини ги демантираше информациите дека постои можност да биде тренер на Манчестер Јунајтед.

“Немам преговори со ниту еден клуб во Премиер лигата. Се што се пишува на таа тема не е точно. Мојата единствена цел во моментов е пласман на Светското првенство со репрезентацијата на Италија”, изјави Манчини.

На почетокот од оваа недела, тимот од „Олд Трафорд“ објавија дека Ралф Рангник ќе го води тимот до крајот на сезоната, по што германскиот стручњак ќе има консултантска улога во клубот, а накнадно ќе се бара нов тренер.