Родригез го замени Вардар со клуб во Украина

Авантурата на Жерсон Родригеш во Вардар помина неславно, траеше кратко, фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за црвено-црните, сега има друг клуб.
Тој потпиша за украинската екипа Зорја која денеска го потврди неговиот ангажман.
Родригеш во Зорја пристигнува како слободен играч откако го раскина договорот со Вардар.
Тој не е непознат во Украина, во минатото го носеше дресот на Динамо Киев.