Роџерс ја „краде“ метата на Манчестер Јунајтед?

„Лисиците“ и оваа сезона играат фантастичен фудбал во Премиерлигата. Тимот на Роџерс е рамноправен во борбата за топ 4, по 24 одиграни кола се наоѓа на третото место со ист број на бодови како и Манчестер Јунајтед (46). Некогашниот шампион прави одлични потези и во трансфер периодите, а сега е ред за уште еден. Новинарот Фабрицио Романо пишува дека Лестер е на прагот на договор со Бубакар Сумаре, фудбалерот на Лил кој со францускиот клуб има договор до 2022. година. Лил, кој во моментот е лидер во француската лига, во јануари веќе го одбија интересот на Манчестер Јунајтед и Њукасл за нивниот фудбалер, а наводно Њукасл понудил сума од 32 милиони фунти. Раководството на Лил најверојатно ќе мора да го продаде одличниот играч за врска, доколку Сумаре не потпише нов договор наскоро.