Сабонис заминува од Сакраменто

Домантас Сабонис и Сакраменто Кингс би можеле наскоро да се разделат.

Според информациите од американските медиуми, литванскиот центар сака да го напушти тимот, а раководството на франшизата е подготвено да ги разгледа понудите за негов трансфер.

Шпекулациите за можна разделба се засилија уште во текот на летото, кога 30-годишниот кошаркар ја промени агенцијата и ангажираше друг агент.

Дополнителна пречка во евентуалните преговори е неговиот договор, според кој има уште две загарантирани сезони, вредни вкупно околу 94 милиони долари.

Сабонис минатата сезона имаше сериозни проблеми со повреда на коленото и настапи на само 19 натпревари, со просек од 15,8 поени, 11,4 скока и 4,1 асистенција. Во актуелната сезона бележи 16 поени, 15,8 скока и 7,3 асистенции по натпревар.