Салах пристигна на потпис во Трабзон

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах од денес влегува во историјата на европскиот фудбал како играч кој ќе има највисока годишна плата во некој клуб од Европа.
Со трансферот кој го направи во турскиот тим Трабзонспор, Мохамед Салах го надмина Ерлинг Халанд кој има 16,6 милиони евра годишна плата во Манчестер Сити. Салах во Трабзон ќе добива 17 милиони евра годишна плата плус дополнителни бонуси.
Салах веќе позираше во дресот на Транзонспор и ги поздрави навивачите на оваа екипа.