Суперкупот на Италија може да се игра во САД

Суперкупот на Италија може да се игра во САД

Суперкупот на Италија оваа година би можел да се пресели во САД, иако „Сан Сиро“ останува резервна опција. Според „Ла Република“, дуелот меѓу Интер и Лацио ќе се игра меѓу 21 и 23 декември, но домаќинот сè уште не е познат.

Италијанската лига во следните денови очекува официјална понуда од САД, по што Управниот одбор ќе ја разгледа. Доколку биде прифатена, натпреварот најверојатно би се играл на Источниот брег, но градот сè уште не е определен. Мароко исто така покажал интерес за домаќинство, но преговорите во моментов се во застој.

Оваа сезона Суперкупот повторно се враќа во формат со еден натпревар, по неколку години во кои четири екипи се натпреваруваа во Саудиска Арабија. Конечната одлука за домаќинот се очекува до крајот на септември.