Тадија Тадиќ најново засилување на МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ Скопје продолжува со комплетирање на ростерот за претстојната сезона каде нов член на македонскиот првак е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ.

Станува збор за исклучително квалитетен и искусен бек-организатор, кој зад себе има богато регионално и меѓународно искуство.

Со својата висина, прегледност во играта и искуство, се очекува Тадиќ да донесе сигурност и креативност во надворешната линија на скопскиот тим во битките на домашен терен, АБА2 и ФИБА Европа.