Ти-Џеј Шортс е МВП на колото во Евролигата

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс, ја пронајде вистинската форма во редовите на Валенсија, а неговите одлични партии на почетокот од сезоната беа крунисани со големо признание – Евролигата официјално го прогласи за најкорисен играч (МВП) за месец октомври.
Шортс зад себе има фантастичен период во кој се наметна како еден од најдоминантните кошаркари во елитното европско натпреварување. Статистиката најдобро го потврдува неговиот придонес: на девет одиграни натпревари Шортс во просек бележеше 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки. Според поентерскиот и асистентскиот ефект се наоѓа на третото место во Евролигата, додека со просечен индекс на корисност од 20,7 е меѓу двајцата најуспешни играчи во целото натпреварување.
Неговиот влијателен придонес се одрази и врз резултатите на тимот. Валенсија во овој период запиша шест победи, а додека Шортс беше на паркетот, екипата оствари вкупна разлика од дури +89.
По заминувањето од Панатинаикос, плејмејкерот очигледно пронајде средина во која повторно ги прикажува сите свои квалитети.