Турците ќе му дадат државјанство на Салах

Египетскиот фудбалер на Трабзонспор, Мохамед Салах, би можел да добие турско државјанство, а се подготвува посебна церемонија за да му се додели државен орден, објави дописникот на Би-Би-Си, Мохамед Ел Кауд.

Според него, постапката нема да го вклучи само него како напаѓач, туку и неговата сопруга и нивните три деца.

„Дознав дека Мохамед Салах ќе добие турско државјанство заедно со неговата сопруга и три деца. Салах ќе биде награден со Државен медал за извонредни заслуги на голема церемонија и ќе добие уште едно високо признание откако придонесува за значителен напредок и во спортот и во туризмот за кратко време“, рече Ел Кауд.

Сепак, информацијата сè уште не е официјално потврдена. Извор од Трабзонспор за египетското издание „Масрави“ изјави дека турските власти не воспоставиле официјален контакт со Салах во врска со прашањето за државјанство.