ТФТ донесе нов центар пред стартот на АБА2 лигата

ТФТ од Скопје промовираше ново засилување, се работи за Канаѓанец кој настапува на центарската позиција, Отас Ијекекполор.
ТФТ денеска со почеток од 18 часот (пренос на Арена М3 Премиум) гостува кај Слобода од Тузла во првиот меч од новата сезона од АБА 2 лигата.
Во пресрет на мечот клубот од Тафталиџе се пофали со ново засилување, 30-годишен центар кој доаѓа од Канада, Отас Ијекекполор.
Тој во минатата сезона настапувал за босанскиот прволигаш Промо Доњи Вакуф каде на 24 натпревари имал просек од 5 поени и 4 скока.
Ијекекполор ќе биде во комбинација за вечерашниот меч против Слобода. Според ТФТ овој играч ќе биде користен само за мечевите од АБА 2 лигата.