Филипс ризукува долга пауза, Биелса пред големи проблеми

Eдно од најпријатните изнанадувања на Англија на последното Европско првенство Калвин Филипс ризикува да ги пропушти следните два месеци.

Играчот од средниот ред на Лидс Јунајтед има истегнување на мускулот на последниот натпревар против Брентфорд (2-2). Статистиката покажува дека Филипс е од големо значење за тимот, бидејќи без него тимот на Лидс освои само 7 од 36 можни бодови по враќањето во Премиер лигата. Сепак, ова не е единствениот проблем за Лидс по овој натпревар, бидејќи тогаш се повреди ѕвездата во нападот Патрик Бамфорд.

За него ова беше прв настап по речиси три месеци отсуство и токму тој постигна гол за конечни 2-2. Сепак, се покажа дека во радоста на голот, напаѓачот се повреди, поради што сега е под знак прашање за саботното гостување кај Челзи. Без Бамфорд, тимот на Марсело Биелса постигна само осум гола во 11 натпревари.