Хамес најави повлекување од репрезентацијата

Хамес Родригез во неколку дена донесе две многу важни одлуки за кариерата, а откако со првата ги израдува колумбиските фанови, сега им приреди и мало разочарување.
Поранешниот член на клубови како Реал Мадрид и Баерн Минхен реши да се врати во Колумбија и потпиша договор со Атлетико Насионал, што значи дека дефинитивно ќе влијае позитивно на популарноста на ова јужноамериканско првенство.
друга страна, денеска стигна втората одлука, а според истата, Родригез го заврши своето во колумбиската репрезентација и ваквата одлука им ја соопшти на фановите со емотивна видео порака.
– Дојде и тој момент. Ви благодарам за секој натпревар, секоја радост, секоја солза и секој споделен сон. Да се претставува колумбиската репрезентација беше една од најважните работи во мојот живот. Ти благодарам, Колумбија. Засекогаш, – порача Хамес.