Хрватот Шутало доаѓа кај Гатузо во Лацио

Eкипата на Лацио договори ново засилување и тоа Јосип Шутало кој пристигнува од редовите на холандскиот гигант Ајакс.

Според информациите, Латио ќе плати сума од три милиони евра за позајмица на хрватскиот фудбалер и ќе има можност наредното лето да го откупи за дополнителни 7.5 милиони евра.

Исто така Ајакс договори и клаузула за десет проценти од неговата потенцијална следна продажба.

Во Лацио Шутало пристигнува како желба на тренерот Џенаро Гатузо кој летово го презема римскиот клуб.