Чави „гази“ во Катар додека Барса ниже негативни рекорди во Шпанија

По минатосезонското срамно испаѓање од ЛШ за Барселона (пораз од Баерн Минхен со 8-2), во вторникот Каталонците во својот фудбалски храм доживеаја тежок удар од ПСЖ, 4-1.
И додека се чини дека актуелниот тренер на Барса, Холанѓанецот Роналд Куман се уште ги бара тактичките решенија и не успева да ја „разбуди“ екипата предводена од Лео Меси, шпанските медиуми наголемо пишуваат за Чави Ернандез кој е кормилар на катарскиот клуб Ал Сад. Иако јасно е дека катарската лига не може да се спореди со Ла Лига, сепак шпанските медиуми се погласно шпекулираат дека Чави ќе е наследникот на Куман на жешкото столче на „Ноу Камп“.