Челзи се раздели со спортскиот директот Лоренс Стјуарт

Челзи ќе се раздели со спортскиот директор Лоренс Стјуарт, откако двете страни постигнале договор за прекин на соработката, пренесуваат британските медиуми.
Стјуарт ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по речиси четири години поминати во клубот. Тој пристигна во Челзи во 2022 година од Монако, а во периодот потоа ја делеше функцијата спортски директор со Пол Винстенли.
Неговите задолженија опфаќаа буџетско планирање, развој на фудбалската филозофија и стилот на игра, како и соработка со одделите задолжени за податоци и анализа.
Според информациите од Англија, разделбата не е резултат на конфликт, туку е дел од природната еволуција на моделот на работа на клубот и промените во неговата раководна структура.
По заминувањето на Стјуарт, Винстенли ќе добие поголема улога во секојдневното управување со спортскиот сектор. Тој ќе работи во потесна соработка со Сем Џуел и Џо Шилдс.
Челзи, барем засега, не планира да именува директен наследник на Стјуарт. Дел од неговите досегашни обврски ќе бидат распределени меѓу актуелните членови на раководниот тим.
Промените доаѓаат во период во кој сопственикот Бехдад Егбали сака да го прилагоди начинот на функционирање на клубот. Воедно, новиот тренер Чаби Алонсо добива поголемо влијание во одлуките поврзани со составот и спортската политика на тимот.
Така, Челси продолжува со реконструкцијата на својата спортска структура, а промената на една од најважните функции во клубот е уште еден знак дека „сините“ влегуваат во нова фаза под актуелното раководство.