Четири НБА лигаши го сакаат Џон Кончар

Кошаркарот, Џон Кончар, влегува на радарот на Мајами, Њујорк, Орландо и Торонто, објави Марк Штајн кој одлично ги познава работите во најсилната светска конкуренција – НБА лигата.

„Кончар е еден од најдобрите слободни агенти на располагање а клубовите од лигата се заинтересирани за него“ – рече Штајн.

30-годишниот играч во претходната сезона настапуваше за Јута со просек од 5,9 поени, 5,7 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада.