Чуамени има договор со Ливерпул и Реал

Французинот во дресот на Монако, Орилиен Чуамени летово го напушта клубот. Медиумите известуваат дека тој ги договорил личните услови со гигантите Реал Мадрид и Ливерпул.

Сега останува клубовите да започнат официјални преговори за откуп на неговиот договор. Чуамени се надева дека ќе има можност за игра како во Реал така и во Ливерпул, бидејќи и двата тима во средината имаат фудбалери кои се во поодминати години, а младиот француски фудбалер би бил одлична поддршка и нивна замена.

Трансферот на Чуамени се очекува да достигне сума од 80 милиони евра