Шевченко: Украина е подготвена за ЕУРО и ќе игра на победа против сите

Украина во последната контрола го совлада Кипар со убедливи 4-0, селекторот Андриј Шевченко е задоволен, вели дека нема еуфорија, а тимот е подготвен за сите предизвици на континеталниот шампионат.

Шевченко вели дека Украина ќе направи се да стигне до следната фаза на шампионатот, а победата против Кипар носи самодоверба.

„Нема еуфорија, и не смее да ја има. Работевме во три фази на подготовки, спремни сме за ЕУРО. Сакаме да победува и ќе направи се да биде така против Сите“ – рече Шевченко по мечот против Кипар.

Украина на Европското првенство е во група со Македонија, Австрија и Холандија.