Штип УГД го освои Суперкупот на Македонија во одбојка

Штип УГД е победник на Супер купот 2026 во одбојка во машка конкуренција откако во финалето ја совлада екипата на Борец од Велес со 3-0 (25-15, 25-16, 25-15).
Супер купот се играше во Тетово, а со одлука на Одбојкарската федерација од оваа година ќе се игра пред почетокот на сезоната во рамки на Меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.
-Противниците играа рамноправно се до средината на сите три сета. Борец на моменти имаше и два до три поени предност, но клучна беше подолгата клупа, поголемиот искусен избор во ротацијата и искуството во редовите на штипскиот тим, соопшти Одбојкарска федерација на Македонија.
Александар Лафтов беше избран за МВП играч на натпреварот.