Ѓоковиќ: Не знам уште колку ќе можам вака!

Новак Ѓоковиќ првпат во својата кариера доживеа елиминација во 1. коло на УС Опен откако загуби од Маријано Навоне со 2-3 во сетови.

Српскиот тенисер имаше големи физички проблеми, повраќаше, имаше грчеви, болки… едвај го заврши мечот.

„Мислам дека беше очигледно оти се чувствував ужасно на теренот. За жал, со тоа се мачам на помалку или повеќе сите мечеви оваа година. Повраќам… тоа е сериозен проблем. После тоа целото тело почнува да ми се распаѓа, грчеви, болки… Грбот попушти на крајот, како и рамото“, изјави Ѓоковиќ и додаде:

„Не можев да ја довршам работата. Имав брејк во четвртиот сет, но се мачев од четвртиот гем од мечот. Не сакам да му ги одземам заслугите, се бореше, фино момче е, борец, но не уживав…“

На прашањето дали може да го реши тој проблем со стомакот, Ѓоковиќ одговори:

„Не знам. Се обидувам. Ќе видиме“.

Новак не можеше да зборува за лекциите што ги научил во последните неколку месеци.

„Не можам толку длабоко да навлегувам сега. Сега размислувам за тоа што се случува и уште колку можам вака“.

Новак вели дека помислувал и да го предаде мечот.

„Размислував да се откажам, потоа освоив сет, па и третиот. Можеби има шанса, си помислив. Потоа во четвртиот и петтиот не сакав да предадам, сакав да завршам“.

Првпат во кариерата испадна во првото коло на УС Опен, претходно никогаш немаше изгубено пред третата рунда.

„Горд сум на сите достигнувања во минатото, но сегашноста е сегашност“.

Ѓоковиќ истакна и дека ѝ е благодарен на публиката за поддршката.

„Беа исклучително фини, благодарен сум што добив поддршка. Освен тоа, не уживав баш, всушност го презирав секој момент што го поминав на теренот, но публиката беше неверојатна: се обидоа да ме подигнат во важните моменти и жал ми е што не одиграв подобро“, заклучи тој.