Јордан Кузманов го продолжи договорот со Кожув

Кошаркарскиот тим Кожув продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а од клубот потврдија дека Јордан Кузманов останува дел од црвено-белото семејство.
Кузманов и во новата сезона ќе го носи дресот на гевгелискиот клуб и ќе биде уште една важна опција под кошевите.
Од клубот преку социјалните мрежи го потврдија продолжувањето на соработката, со порака дека Кузманов повторно ќе биде подготвен за сите предизвици кои ги носи новата сезона.
„Црвено-белото срце продолжува да чука! За Кожув – за Гевгелија! Заедно до нови победи!“, порачаа од клубот.