Јуве не размислува за тренерска смена на Спалети

Извршниот директор на Јувентус, Џовани Карневали изјави и ја нагласи својата доверба во тренерот Лучано Спалети.
Карневали ја потврди својата доверба во Спалети, кој има две победи, едно реми и еден пораз во првите четири натпревари од сезоната.
„Тој е неверојатен тренер, еден од најдобрите на сите времиња. Мора да дадеме време и да бидеме трпеливи, знаејќи дека ќе мора да голтнеме некои горчливи апчиња.
Менувањето тренери не е во мојата природа“, вели Карневали.