АК Олимп потпиша со петнаесет атлетски репрезентативци на Македонија

Битолскиот атлетски клуб Олимп вчера пред медиумите и официјално го најави своето ребрендирање и ангажман на скоро цела македонската атлетска репрезентација во своите редови, со што јасно ја наметна улогата на лидер на атлетскиот спорт во земјата.

АК Олимп е основан во 1960 година и претставува еден од најстарите и најтрофејни атлетски клубови во Македонија. Клубот потпиша договори со петнаесет атлетски имиња, сите репрезентативци и перспектива на клубот и земјата. Меѓу нив се дел од најдобрите македонски атлетичари во последните години како маратонката Адријана Поп Арсова​, но и Ирма Хајдари​, Марина Домазетовска​ и други.

Тренер на новиот бран атлетичари ќе биде Димитар Петровски, битолчанец кој живее и работи во Скопје.