Арсенал прокоцка 0-2 против „фенерџијата“ во Премиер лигата

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал вечерва си дозволи да испушти предност од 2-0 против екипата на Вулвс која е последна на табелата и одигра само 2-2.
Многу рано избраниците на Артета дојдоа до водство, Сака го отвори резултатот по пет минути игра и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Арсенал преку Хинкапе по десетина минтуи игра во вториот дел дојде и до втор гол.
Тука изгледаше дека Арсенал нема да има проблеми. Сепак, Буено внесе одредена доза на неизвесност со голот во 61. минута за 2-1, а во финишот следуваше вистински шок. По едно недоразбирање во одбраната на Арсенал Калифиори си постигна автогол со што Вулвс дојде до само десеттиот бод од почетокот на сезоната.
По ова реми Арсенал на врвот има пет бода повеќе од второппласираниот Манчестер сити, меѓутоа тимот на Гвардиола е со натпревар помалку.