Макс Верстапен најави пензионирање

Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, го шокираше светот. Тој објави дека наскоро ќе ја заврши кариерата, иако има само 28 години.

И покрај тоа што продолжува да бележи врвни резултати, не се гледа себеси во болидот уште долго.

Тој има договор со Ред бул до 2028 година и прашањето е дали ќе се занимава со професионален спорт откако ќе истече.

„Дефинитивно се гледам себеси како се приближувам кон крајот на мојата кариера. Би рекол дека новите правила не ми помагаат да продолжам. Сепак, тоа ми е сè помалку важно, задоволен сум од мојот пат и од она што го оставам зад мене. Можам да оставам сè без никаков проблем. Веќе имам некои други проекти“, рече Верстапен.

Тој не сака да вози во своите подоцнежни години и е доста задоволен од она што го има постигнато во својата кариера. Сè повеќе му недостига семејството и тоа е главната причина зошто објави за своето пензионирање.