Мастантуоно два меча на „ладење“ заради исклучувањето против Хетафе

Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација му изрече суспензија на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, на два натпревари, објавија шпанските медиуми.
Казната е изречена по натпреварот од 26-то коло од Ла Лига против Хетафе (0:1). На крајот од натпреварот, Мастантуоно изрази незадоволство од судијата Алехандро Муниз Руиз и постојано ја повторуваше фразата „каква срамота, каква срамота…срамота“, за што беше исклучен.
Дополнително, дефанзивците на Реал Мадрид, Дин Хојсен и Алваро Карерас, се суспендирани на еден натпревар поради акумулирани жолти картони. Поради ова, сите тројца играчи ќе го пропуштат натпреварот на гости против Селта Виго на 6 март. Мастантуоно, исто така, нема да може да игра на домашниот натпревар против Елче на 14 март.