Елиот Андерсон најнова желба на Артета за следната сезона

Лидерот на Премиер лигата Арсенал се подготвува за ново засилување. Тие имаат во план да го ангажираат Елиот Андерсон, кој би требало да игра заедно со Деклан Рајс.
Со ангажирањето на овој фудбалер средниот ред на менаџерот Микел Артета треба да добие на снага, енергија и креативност.
Од друга страна постои неизвесност за иднината на шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди и неговото останување во редовите на „топџиите“. Според информациите од англиските медиуми пости шанса за негово враќање на Шпанија. Од таа причина актуелна е опцијата за доаѓањето на Андерсон во Арсенал од Нотингем Форест.