Охрид последен учесник на Ф4 од Купот на Македонија

Екипите на Вардар, Еурофарм пелистер, Алкалоид и Охрид ќе бидат учесници на завршниот турнир од Купот на Македонија во ракомет. Денеска со одигрувањето на последниот финален меч од групната фаза, екипата на Охрид го комплетираше составот на завршниот турнир. Охриѓани денеска беа подобри од МРК Куманово со 35-18.
Вчера во преостанатите три финални дуели во четирите групи победи обезбедија и Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Останува да го очекуваме финалниот турнир на кој ќе се појават четирите најдобри состави и од домашниот шампионат.