Јунајтед ќе тргне по потписот на Елмас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во последниот период е стандарден во Наполи, прикажува одлични настапи и важи за еден од клучните играчи во системот на Антонио Конте.
Одличните настапи на Елмас кој покажа дека може да игра на различни позиции не поминале незабележано и од англискиот гигант Манчестер јунајтед.
Имено, според информациите од средниот ред во Јунајтед вниманително ја следат ситуацијата со Елмас и би можеле да реагираат во летниот преоден рок рок.
Медиумите пренесуваат дека во Неапол сепак нема лесно да се откажат од македонскиот репрезентативец и за неговите услуги ќе бараат сума од 16 милиони евра. Исто така во текстот се додава и дека Јунајтед не е единствениот клуб од Премиер лигата кој покажал интерес македонскиот „дијамант“.
Во минатото коло Елмас беше и стрелец за Наполи, а со одличниот настап си обезбеди место и во идеалниот тим на колото.