Одбиената жалба не боли премногу: Валверде ја пропушта само Мајорка

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) ја донесе конечната одлука: Феде Валверде ќе мора да отслужи казна од еден натпревар суспензија во Ла Лига. Оваа разрешница доаѓа по црвениот картон што Уругваецот го заработи во 77-мата минута на зовриеното градско дерби против Атлетико Мадрид. Иако правниот тим на „Кралевите“ поднесе жалба со аргумент дека стартот бил обид да се дојде до топката, комисијата целосно го поддржа извештајот на судијата Мунуера Монтеро, во кој беше наведена употреба на „прекумерна сила“.
Иако отсуството на играч со ваков квалитет е сериозен удар за средниот ред, во Мадрид владее чувство на дискретно олеснување. Со оглед на тоа што стануваше збор за директно исклучување, во клубот постоеше оправдан страв дека казната може да биде зголемена на два до три натпревари. Со изрекување на минималната можна санкција за овој тип на прекршок, комисијата спречи отсуството на Валверде да се претвори во долгорочен проблем за Арбелоа во клучниот дел од сезоната.
Суспензијата значи дека Валверде нема да биде во комбинација за гостувањето кај Мајорка на Сон Моиш, првиот дуел на Реал по репрезентативните обврски. По враќањето од кампот на Уругвај, Феде ќе добие одмор на 4-ти април, но ќе биде целосно подготвен за следната пресметка со Жирона, како и за клучните четвртфинални натпреваи во Лигата на шампионите против Баерн.