Јунајтед пикира три засилувања во средниот ред

Реконструкција на средниот ред ќе биде главниот фокус на „ѓаволите“ во летниот преоден рок, а последните информации велат дека се планира инвестиција од околу 140-150 милиони фунти и ангажман на тројца играчи.
Манчестер јунајтед минатото лето вложи околу 200 милиони фунти за комплетно нова офанзива и ангажман на Матеуш Куња, Брајан Мбеумо и Бенџамин Шешко.
Ова лето главниот фокус ќе бие на средниот ред, а како што пренесува новинарот Крис Вилер, планот е да се инвестира околу 140-150 милиони фунти за ангажман на тројца играчи.
Најголемиот дел од оваа сума, или околу 80 милиони фунти ќе бидат наменети за замена на Касемиро.
На листата со желби се Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Карлос Балеба од Брајтон, Сандро Тонали од Њукасл, Орелиан Чуамени од Реал Мадрид и Адам Вортон од Кристал Палас.
Околу 40 милиони ќе бидат резервирани за замена на Мануел Угарте, а опциите се Матеуш Фернандеш од Вест Хем, како и дуото на Борнмут, Алекс Скот и Тајлер Адамс.
Со 20 милиони фунти ќе се купува играч за ротацијата, а Ши Чарлс од Саутемптон е помеѓу играчите кои им фаќаат око на директорите.