Реал и Ливерпул размислуваат за трампа Макалистер-Камавинга

Реал Мадрид и Ливерпул би можеле да направат еден од најинтересните трансфер-потези во изминатите години. „Скај Спортс“ објави дека гигантите сакаат да ги разменат Алексис Мекалистер и Едуардо Камавинга.

Иако годината сè уште не заврши, сепак шпекулациите за потенцијални трансфери секогаш привлекуваат големо внимание, а евентуален договор на тимовите би можел да донесе спектакуларна размена на трансфер-маркетот.

Една од причините поради кои Мекалистер се поврзува со заминување од Ливерпул е тоа што неговиот договор завршува во 2028 година, па затоа екипата од „Енфилд“ сака навреме да ја реши ситуацијата.

„Кралевите“ во Мекалистер гледаат фудбалер кој со неговото искуство и победнички менталитет може да помогне во враќањето на врвот.

Ливерпул, од друга страна, има потреба од динамичен фудбалер за врска, а Камавинга со своите карактеристики се вклопува во таквиот профил на играч.