Посета на Амбасадорот на Босна и Херцеговина на ФФМ

Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево , „Куќата на Фудбалот“ ФФМ ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ.
На средбата со Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ стана збор и за пријателските односи на двете земји ,посебно во спортот. Исто така се разговараше и за големиот интерес кој владее за претстојниот натпревар меѓу двете репрезентации за кој уште од сега се бара билет повеќе и едно е сигурно, стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево ќе биде исполнет до последното место.