Панатинаикос загреан за Елмин Растодер

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Елмин Растодер, е пред трансфер во грчки Панатинаикос. Веста ја објавија спортските портали во Грција, потенцирајќи дека атинските „зелени“ се на чекор до комплетирање на уште еден важен трансфер, бидејќи Елмин Растодор останува само формално да го потпише договорот со нив.

Преговорите со Тун се во напредна фаза и, според последните информации, постои оптимизам дека договорот ќе биде склучен за 24 часа, за да може 24-годишниот напаѓач што поскоро да му се стави на располагање на тренерот на Панатинаикос, Јакоб Ниструп.

Македонскиот репрезентативец веќе некое време е клучна цел на Панатинаикос како најдобар напаѓач во швајцарското првенство.