Ромеро го одби Интер заради Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид ја подготвува првата понуда до Тотенхем за Кристијано Ромеро во износ од околу 30 милиони евра. Аргентинскиот репрезентативен стопер го претпочита мадридскиот клуб пред Интер и сака трансфер, а ова е нов обид на Атлетико да го доведе играчот што тренерот Диего Симеоне долго го следи. Клубот се подготвува да го реализира трансферот со продажба на Матео Руџери и Нахуел Молина, што е предуслов за нови инвестиции, пишува „Марка“.
Атлетико работи на финансиски услови за да го обезбеди доаѓањето на Ромеро. Очекуваните заминувања на Руџери во Астон Вила и на Молина во Рома се важни не само за обештетување, туку и за ослободување средства во буџетот за плати. Ромеро има еден од најголемите договори во Тотенхем, па затоа е потребно да се создаде финансиски простор за негов ангажман.
Минатото лето, трансферот не беше реализиран бидејќи Атлетико не сакаше да плати 55 милиони евра. Иако Ромеро е сè уште главна цел, клубот ја следи и ситуацијата со Нико Гонзалез. Тој минатата сезона играше како позајмен играч од Јувентус и прашање е дали и под кои услови „јорганџиите“ би го откупиле неговиот договор. Во Италија се пишува дека Нико не би се противел на трансфер во Интер.
И покрај тоа што Интер му понуди на Тотенхем 35 милиони евра фиксна сума и дополнителни пет милиони преку бонуси, приоритет на Ромеро е да се пресели во Мадрид.