Хајмана Спор Кулубу е новиот клуб на Александра Марковска

Македонската фудбалерка, една од капитенките на нашата репрезентација, Александра Марковска, стави потпис на договор со турскиот клуб Хајмана Спор Кулубу.

Искусната наша фудбалерка од средниор ред стави потпис на договор со турскиот клуб за една сезона.

Таа во Турција се сели од Љуботен, а нејзиниот нов клуб настапува во Суперлигата од оваа сезона.

Хајмана Спор Кулубу преку плејофот стигна до елитната турска лига.

Марковска е една од најдобрите македонски фудбалерки, играше во ЖФК Билјанини Извори, Кочани и Љуботен од Македонија, како и ЖФК Спартак Суботица од Србија.